Бидете паметни и избегнете ги големите брачни неволји

Доколку сте во долга врска, веројатно веќе знаете што ја прави среќна вашата поубава половина во кревет… Меѓутоа, ако мислите дека вашата партнерка доживува оргазам секојпат кога имате сексуални односи, тогаш сигурно сте во заблуда.
Според последните истражувања, 49% од жените кои се во брак, тврдат дека постојано доживуваат оргазам за време на сексот, во споредба со 89% од мажите кои се во брак.
Студијата се ослонува на собраните податоци од 1683 неодамна венчани парови. Мажите и жените се одделно испитувани, за личните искуства со оргазамот, нивната перцепција за тоа колку често нивниот партнер го достигнува истиот и сексуалната сатисфакција во нивната врска.


Истражувањето покажува дека мажите дефинитвно немаат претстава за тоа колку често нивната поубава половина доживува оргазам или со други зборови – мажите дефинитвно имаат потешкотии со откривањето дали нивната партнерка доживува оргазам.
Една четвртина од мажите кои учествувале во ова истражување, сметаат дека нивните сопруги доживуваат оргазам повеќе од тоа што е навистина потребно и очекувано. Засега останува мистеријата дали жените константно им кажуваат на своите партнери дека доживеале оргазам во текот на сексот или едноставно мажите не знаат да ги идентификуваат јасните знаци на женскиот оргазам, како што се промените во дишењето, потечени брадавици, забрзано чукање на срцето и сл.
Според овие нови истражувања, доаѓаме до нешто што може да се нарече „оргазмичен јаз“, а докажаното несогласување помеѓу фреквентноста на оргазамот кај жените и мажите, ја претставува денешната реалност. Сето тоа сигурно не е многу забавно за припадничките на понежниот пол, но секако не е добра вест и за сите нас, генерално. Доколку поубавата половина сака да се опушти и да доживее оргазам кој моментално не ѝ се случува, не можеме да очекуваме дека ќе биде задоволна од сексуалниот живот и врската.


Како едноставно решение е избегнувањето на директното прашање за оргазамот, после сексот, а наместо тоа може да ја прашате што ја возбудува, бидејќи само една четвртина од жените доживуваат класичен оргазам, така што вреди да се обидете со експериментирање и стимулирање на клиторисот.
Доколку ви е важно вашето цвеќе да остане во вашиот двор, редовно одржувајте го, за да не овене

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.