Бизарни лекови против мамурлак

Мрсната храна пред спиење или џин тоник за појадок, ова се само некои од народните лекови против мамурлак. Ама повеќето не се ниту малку делотворни, тврдат британските истражувачи.
Мамурлакот е всушност низа на непријатни симптоми кои се јавуваат поради прекумерната количина на алкохол. Дехидрацијата  е еден од најчестите симптоми. Алкохолот ја спречува работата на хормоните задолжени за апсорбција на вода што предизвикува собирање на вода во бубрезите.
Освен дехидритација, мамурлакот го следат и болки во желудник, главоболка и лош сон. Додека телото го вари алкохолот истовремено произведува нуспродукт, отровна хемикалија која може да предизвика болки во желудник, мачнина и повраќање.
Митови за мамурлакот
Еден од најголемите митови е дека мрсната храна го намалува мамурлакот. Алкохолот предизвикува намалување на шеќерот во крвта заради што вашиот мозок мисли дека му се потребни калории. Така бараме калорична храна, иако не се чуствуваме подобро од неа. Истотака нема докази дека помага старата народна поговорка “ клинот со клин се вади”. Поверојатно е дека повторното пиењето по бурната алкохолна ноќ нема да го спречи мамурлакот. Дури ни кога јадете пред спиење не помага. Впрочем за да може телото побавно да го апсорбира алкохолот, треба секогаш да јадеме пред да почнеме да пиеме, а не подоцна.
Употребата на аспирин во комбинација со алкохол, нема да ја спречи главоболката наутро, ама можете да го испиете наредното утро по спиењето. Ако сакате да го спречите мамурлакот, пијте вода по секоја чаша алкохол. Ако ја пиете наредното утро, може да помогне, ама не е од голема корист.
Бизарни лекови против мамурлак низ светот
Германците јадат кисела харинга замоткана околу кисела краставица и лук, ова јадење е наречено “Rollmops”, додека Канаѓаните го употребуваат “Poutine“, дебело исечен помфрит, измешан со парче сирење со кисел додаток. Во Сецилија се јаде пенис од бик, кој наверојатно ја враќа виталноста, додека Ирците лежат во речен песок. Студот би требало да направи да исчезне секоја болка.
Исто како и Италијаните и Монголците посегнуваат по најразлични производи од животни. Тие мамурлакот го лечат со сок од домат со скиселен овчи додаток.
Кај нас во Македонија расолницата( сок од зелка)  е најдобар лек против мамурлок, се верува дека го прочистува организмот.   Мрсната храна пред спиење или џин тоник за појадок, ова се само некои од народните лекови против мамурлак. Ама повеќет

Пронајдете не на следниве мрежи: