четврток, 12 ноември 2026
Најново

Била најпосакувана жена на светот во која Стивен Сегал бил смртно заљубен, денес е непрепознатлива

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кели ЛеБрок, американска актерка во пензија, ја стекнала својата слава како модел, по што станала најпосакуваната жена на Холивуд во 80-те години, благодарение на улогите во филмовите „Woman in Red“ и „Weird Science“.
Кели денес има 60 години и ретко се појавува на црвениот тепих и на јавни настани. Меѓутоа кога ќе се појави тоа што присутните го забележуваат е нејзиното непрепознатливо лице поради бројните операции и естетски зафати.


Освен тоа, на изгледот влијаеле и болестите и зависностите поради кои актерката можела да го загуби својот живот.
Кели на 16 години почнала да работи како модел, а на 19 години ја имала првата понуда за улога во филм, а кариерата како актерка почнала да ја гради во голем стил.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ


Кели е позната и по турбулентниот брак со јунакот на акциските филмови Стивен Сегал кој траел од 1987 до 1996 година и со кој има три деца.
„Одлучив да го напуштам Холивуд за да ги одгледувам децата далеку од камерите и љубопитните погледи. Не сакав да гледаат ниту пак да почувствуваат негативни последици од мојот развод. Поради тоа заминав на брдото каде условно живеев во дивина и без телевизор цели 24 години“, изјавила актерката во интервју за „Closer Weekly“ во 2017 година.


Тогаш проговорела и за стареењето, но не споменала естетски зафати и операции:
„Кога ја носев титулата најпосакувана жена не бев свесна за тоа, што е иронија. Сега кога сум позрела и цела со брчки, се чувствувам пријатно во своја кожа. Среќна сум со себе“, заклучила Кели.
Вака актерката изгледа денес:

Поврзани вести