Настасја Недимовиќ успеала да го победи ракот, а денес е пример за сите кои ја минуваат најтешката битка во животот, дека е можно да се пронајде среќен крај.
Покрај тоа што животот го посветила на помагање на другите борци, таа се труди да ги научи и своите деца на вистинските вредности, па сега и нејзината ќерка Ниа (8), одлучила да ја пресече убавата долга коса и да им ја подари на девојките на кои им е повеќе потребна. Како што објаснила за „Телеграф.рс“, Настасја го направила истиот чекор пред само две недели, а Ниа, гледајќи го примерот на мајка си, сакала да го стори истото. Меѓутоа, тој гест не бил единствената причина поради која Ниа се одлучила на овој чекор, туку тој бил веќе длабоко всаден во нејзината личност.
„Се трудам да им создадам емпатија на моите деца без притисок и да ја подигнам свеста на повисоко ниво како би биле свесни што се случува околу нас. Треба да имаме големо срце пред сè, да се грижиме за нашата внатрешност, а дури потоа за нашата надворешност. Се обидувам да им објаснам дека има многу поголеми и поважни нешта од материјалните работи. Сакам да бидат среќни и благодарни за животот што го живеат, нивното здравје и сето она со кое се опкружени. Честопати им покажувам нечија ситуација, на пример ако е во прашање дете, па им објаснувам „знаете како го имаме ова, здрави сте, патуваме, тренирате, а еве ова дете се бори со нешто тешко“, објаснила Настасја.
Токму затоа што во нив веќе ги гледа овие вредности, младата мајка не може да биде погорда. Таа признала дека Ниа била малку несигурна, но тоа не ја спречило да истрае во желбата да им помага на другите, како и да ја носи новата фризура со гордост и самодоверба.
„Секако дека сум горда, која мака не би била. Ја донирав и мојата коса пред 2-3 недели. Таа беше среќна и горда поради тоа и ми кажа дека и таа би сакала да направи такво нешто. Ѝ одговорив дека ја има мојата голема поддршка кога и да е спремна, како и дека не мора да го прави тоа. Како што кажа и во видеото, малку се плашеше како ќе изгледа со кратка коса, таа сè уште нема ниту 9 години и тоа е нормално, не беше сигурна. Меѓутоа, кога ја виде мојата реакција и самодовербата со новата фризура, сфати дека не е ништо страшно. Сите сме убави доколку зрачиме одвнатре, таа така одлучи, ја скрати и донираше косата и ниту во еден момент не зажали“, низ насмевка зборувала мајката.
Како што веќе пишувале „Телеграф“, Настасја дознала дека има рак на коскената срцевина еден ден откако предвреме го родила малиот Вук (6.)
Иако се развивал во нејзиниот стомак веднаш покрај ракот, Вук денес е спортист и дете за пример.
„Јас сум инаку одлично, се чувствувам фантастично. Имам повеќе сила и физички и психички отколку кога тоа се случи, поживи сме, дишеме со полни гради повеќе и од некои луѓе кои се здрави и не ја доживеале нашата судбина“, искрена била таа.
По сите солзи, смеа, надежи и победи, таа денес има само една желба.
„Не сакам да звучи како клише, но навистина сакам само да останам здрава и сите мои луѓе да бидат здрави. За жал, ја доживеав таа ситуација и знам како е кога ќе го изгубиш здравјето, и потоа нема живот. Колку и да имаш пари, да си успешен, ништо не вреди доколку немаме здравје“, заклучила Настасја.
За потсетување, Настасја е родум од Бечеј, но живее во Нови Сад и е поранешна професионална ватерполистка и судијка. Сега е и инфлуенсерка, па на својот профил „cancer.influencer“ се труди да го охрабри сите жени, мајки и татковци, во ниту еден момент да не ја изгубат вербата во себе.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.