четврток, 12 ноември 2026
Најново

„Билд“: ЦДУ ќе има 197 пратеници во Бундестагот, АфД – 141

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Според најновите, прелиминарни резултати од парламентарните избори во Германија, најмногу гласови освоиле демохристијаните од Фридрих Мерц (ЦДУ/ЦСУ), а за нив гласале 28,5 отсто од гласачите, што им дава 197 места во Бундестагот, објави „Билд“.

На второ место според гласовите е десничарската Алтернатива за Германија (AfD) на Алис Вајдел, која доби 20,5 отсто од гласовите и 141 место во германскиот парламент, додека социјалдемократите на Олаф Шолц се на трето место со 16,5 отсто од гласовите, што им дава 114 пратенички места.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Зелените, според последните резултати, освоија 11,9 отсто од гласовите, со што добија 83 места во германскиот парламент, Левицата освои 8,7 отсто од гласовите и 60 места, а партијата Разум и правда (BSW) на Сара Вагенкнехт го помина прагот со 5,0 отсто од гласовите, давајќи ѝ 34 места.

Слободната демократска партија (ФДП) е под прагот со 4,5 отсто од гласовите, додека останатите партии кои не го поминале прагот имаат вкупно 4,4 отсто од гласовите.

Поврзани вести