Билка која носи среќа и пари во домот

Оваа билка е одлична бидејќи лесно се одржува и не бара посебна нега.

Таа освен што се верува дека привлекува пари во домот изгледа прекрасно и го прочистува воздухот.

Epipremnum aureum (растенија на парите) ги апсорбира хемикалиите кои се штетни за нашиот организам.

Инаку има декоративен изглед. Можете да ја посадите во висечка корпа и да и дозволите да создаде долга лоза во вид на зелена завеса.

Светлото влијае на бојата на листовите на билката. Можете да ја држите директно на сонце, освен кога е премногу топло. Листовите можат да бидат со светла или темна боја.

Оваа билка бара редовно да ја полевате но да не претерувате. Ако видите кафени пеги на листовите тоа значи дека и треба повеќе вода.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.