– Христовото раѓање е празник кога го славиме животот, празник кога душите ни се исполнуваат со спокој и мир.
Овој празник на светлината и животот нека донесе радост кај сите православни верници.
Но пред се, многу здравје.
Она што треба и оваа година да го правиме е да шириме љубов, да ја продолжиме хуманоста која во овие времиња значи многу.
Божиќ е празник за секој христијанин кој го дочекува во кругот на своето семејство радувајќи се и славејќи го животот со своите најблиски. Овој голем празник нека ја покаже вредноста на животот.
Нека ни даде сила!!!
Овој ден нека не научи да се почитуваме и сакаме.
Нека е честит празникот!
За многу години!
Христос се роди !, вели Билјана Јаневска која е поранешна мисица, инаку е дипл. инженер по менаџмент за еколошки ресурси и магистер по управување со отпад од минатата година партиска функционерка и вработена во Јавното претпријатие Депонија Дрисла.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.