28-годишниот Миле Тодоров од Неготино е исчезнат од 29.01.2025, а неговото исчезнување било пријавено на 30.01.2025 година, кога неговиот татко Д.Т. го пријавил во Полициска станица Неготино.
Според пријавата, Миле заминал од дома и од тој момент се нема јавено. Семејството и полицијата се во постојан контакт и преземаат мерки за неговото пронаоѓање.
Сестрата на Миле откри дека братот бил одговорен млад човек, спортист и вработен, и дека ова е првпат да се случи нешто слично. Според нејзините зборови, Миле заминал на работа во Кавадарци облечен во работничка опрема, со бело палто и црн елек.
Пред заминувањето, Миле на својот работодавач му изјавил дека дава оставка, и тоа го направил смирено, без никакви знаци на загриженост. По разговорот со газдата, тој ја напуштил работата и исчезнал.
Последен пат бил забележан во Марена, околу 10:30 часот, и од тогаш не се знае ништо за него. Полицијата продолжува со истражата и се надеваат на негово брзо пронаоѓање.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.