Бисквит торта со банани

450 г бисквити
1 литар млеко
5 лажици шеќер
3 пудинга од ванила
3 банани
2 шлаг крема
200 мл млеко
Сварете го млекото со шеќер, додадете го рамешаниот пудинг и варете додека се згусне.
Бисквитите искршете ги и ставете ги во поголем сад. Исечкајте ги бананите и додадете ги во бисквитите. Врз тоа додадете го пудингот и измешајте.
Нанесете ја смесата во калап за торта, наросен со кокосово брашно. Израмнете ја површината и оставете ја тортата во фрижидер за да се стегне.
Шлагот изматете го со миксер. Премачкајте ја тортата откако сосема ќе биде изладена и декорирајте по вкус, чоколаден прелив, банани, рендано чоколадо…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.