четврток, 12 ноември 2026
Најново

Бислимовски не очекува да поскапи струјата за домаќинствата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Оваа година во јуни се распишува тендер за универзалниот снабдувач ЕВН хоум. Тоа е отворен тендер, но вообичаено секогаш се јавува ЕСМ кој, факт е дека има далеку пониска цена од пазарната. Од најавите кои ги слушам најверојатно ќе се оди со истата цена од 62 евра за мегават/час, информира претседателот на Регулаторната комисија за енергетика водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимовски.

Тој појаснува дека од пред година и половина цените за пренос и дистрибуција отсега ќе се определуваат во ноември и декември.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

-А кога ќе ги определиме нив ќе мора да ја определиме цената на универзалниот снабдувач имајќи во предвид дека и тогаш ќе се распишува тендер – рече Бислимовски во „Топ Тема“ на телевизијата „Телма’.

Тој говореше и за евентуалната промена на цената на електричната енергија.

-Јас не очекувам дека ќе има промена на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи – вели Бислимовски.

Според него, факт е дека во последните години ЕСМ започна да увезува јаглен и дека тоа влијае на производната цена на државната енергетска компанија.

Поврзани вести