СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.А.(38) од село Велушина, битолско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Во периодот од декември 2021 до мај 2022 година, пријавениот во неколку наврати земал парични средства од лице од Битола, ветувајќи му работно место за неговата сопруга во државна агенција.
Со тоа го оштетил Б.Б. за сума од 153.000 денари.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.