четврток, 12 ноември 2026
Најново

Битолчанец „летал“ со 151 на час на пат каде е дозволено 80

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

МВР информира дека вчера во 11:45 часот, на експресниот пат Градско – Прилеп, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиja од слобода З.Б.(43) од Битола.

При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки со брзина од 151 километар на час на место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 80 километри на час.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Поврзани вести