Бијонсе во Опра Шоу: Сакам уште едно бебе

Поп дивата која нејзината светска турнеја насловена „The Mrs. Carter Show“ ќе ја започне со концерт во Белград на 15-ти април, Бијонсе беше гостинка во шоуто на Опра. Пејачката која вообичаено не сака да открива детали за нејзиниот приватен живот, овој пат решила да не крие ништо, па открила интересни работи од нејзиниот живот.

Во врска со нејзината ќерка Блу Ајви, таа изјавила дека да се биде мајка е нешто со кое најмногу се гордее: „Таа е смислата на мојот живот. Не би можела да си го замислам животот ако не ја имав ќерка ми. Работев на филмот долго пред да ја родам, но чувствував дека ништо не е комплетно пред да се роди таа. Сега јас сум Бијонсе!“ – рекла таа, додавајќи дека по претстојната турнеја дефинитивно би сакала уште едно дете.
Во врска пак со нејзиниот сопруг Бијонсе отикрила дека биле пријатели околу година и половина пред да излезат на состанок. „Да имаш некој што едноставно ти се допаѓа е многу важно. Затоа нашиот брак функционира.“
Во документарниот филм таа го сподели и нејзиното болно искуство – спонтаниот абортус кој го имаше пред да ја добие Блу Ајви, со цел да ги утеши брачните двојки кои поминале низ истото. Токму тоа била и причината зошто веднаш не објавила за нејзината втора бременост. Пред да се породи, таа го замислувала нејзиното бебе и како ќе тече породувањето: „Знам дека не можам да контролирам сè, но сакав да уживам во тоа искуство, па истражував многу и имав неверојатно породување“  ,открива таа
Бијонсе неодамна го отпушти нејзиниот татко Метју Ноулс, кој беше нејзин менаџер приближно 20 години. „Некој кој ти дал живот и завршил одлична работа… тешко е и е дел од животот и растењето… во одреден момент треба да бидеш возрасниот човек кој го израснал твојот татко. Го сакам многу мојот татко, тој ме научи на многу нешта, затоа беше тешко да се направи тоа. Овој документарен филм ми помогна многу и го излечи нашиот однос на татко и ќерка.“
За неодамнешниот фантастичен настап на Супер Боул таа рече дека имала огромна енергија, и дека на сцената се чувствувала како да победила на Супер Боул. Покрај другото открива дека Кели Роланд останала две недели со неа во Њу Орлеанс додека се подготвувала за настанот, како и поради заедничкиот настап со Дестинис Чајлд.
извор:urbanislandz.comПоп дивата која нејзината светска турнеја насловена „The Mrs. Carter Show“ ќе ја започне со концерт во Бел

Пронајдете не на следниве мрежи: