Бијонсе и Џеј Зи за својата ќерка купиле барбика вредна 60.000 евра

Бијонсе и Џеј Зи за првиот роденден на својата ќерка Блу Ајви и поклонија барбика украсена со дијаманти, вредна 60.000 евра.
Куклата е посебно изработена, а се состои од 160 дијаманти, како и од бел и златен накит. Освен тоа, познатиот пар потроши и 70.000 евра на роденденската забава во Њујорк. Се било украсено во бели и црвени ружи, а само тортата чинела 3.000 евра.
Малата Блу Ајви и нејзините пријатели се забавуваа со играчките вредни 25.000 евра, додека сите гости добија за поклон пакетчиња во кои се наоѓаа карти за концерт и персонализирани  Блу Ајви-пенкала со името на секој гост поединечно.
Доколку сакате да го разгалите вашето дете, познатиот пар може многу добро да ве научи на тоа. Додека милиони деца гладуваат во светот и живеат на улиците, тие јавно се фалат за поклоните што ги купуваат за својата ќерка, кои се енормно скапи и непотребни за толку мало дете. Сите би направиле се за своите деца, но сепак, некои работи се претерани.Бијонсе и Џеј Зи за првиот роденден на својата ќерка Блу Ајви и поклонија барбика укр

Пронајдете не на следниве мрежи: