Блинкен: Имаме докази дека Кина се обидува да се меша во нашите претседателски избори

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен по тридневната посета на Кина изјави дека САД имаат докази за обидите на Кина да „влијаат и да се обидат да се мешаат“ во претстојните претседателски избори во САД, и покрај претходното ветување на кинескиот лидер Си Џинпинг дека нема да го сторат тоа.

Во краткото интервју за Си-Ен-Ен, Блинкен рече дека за време на состаноците со највисоките кинески претставници, вклучително и кинескиот претседател Си Џинпинг, разговарал за голем број спорни прашања, од американската контрола на технологијата до поддршката на Пекинг за Москва.

Блинкен рече дека го повторил барањето што американскиот претседател Џозеф Бајден му го упати на претседателот Си за време на нивниот состанок во Сан Франциско минатиот ноември, Кина да не се меша во претседателските избори во САД во 2024 година, и потсети дека тогаш кинескиот лидер ветил дека Кина нема да го стори тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи: