Блинкен: Курти да ги прекине насилните акции на северот на Косово

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен го повика косовскиот премиер Албин Курти веднаш да ги прекине насилните акции на северот и повторно да се фокусира на дијалогот што го води Европската унија.
Блинкен изјави дека САД ги осудуваат едностраните дејствија на Владата на Косово за насилно влегување во општинските згради на северот.

„Овие акции се спротивни на сугестиите на САД и ЕУ. Овие активности непотребно доведоа до пораст на тензиите, ги поткопуваат нашите напори да помогнеме во нормализирање на односите меѓу Србија и Косово и ќе имаат последици за билатералните односи на САД со Косово. Ние го повика косовскиот премиер Албин Курти да заземе поинаков курс, а сите страни да се воздржат од понатамошни дејства кои ќе ги разгорат тензиите и ќе промовираат конфликти“, се вели во соопштението на Блинкен.

Тој се огласи и на Твитер, каде подвлече дека САД најостро ги осудуваат постапките на Владата на Косово.

„Силно ги осудуваме дејствијата на Владата на Косово кои ги ескалираат тензиите на северот и ја зголемуваат нестабилноста. Го повикуваме косовскиот премиер Албин Курти веднаш да ги прекине овие насилни мерки и повторно да се фокусира на дијалогот предводен од ЕУ“, напиша Блинкен на Твитер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.