четврток, 12 ноември 2026
Најново

Блокирани се сите трансакции во Европа – паднал системот за платен промет на ЕЦБ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Платниот промет во евра во Европската Унија во моментов е оневозможен поради технички проблеми во системот, кој дневно обработува трансакции вредни 1,9 билиони (1.900 милијарди) евра, јави „Ројтерс“.

Европската централна банка објави дека прекинот влијаел на комуникациските канали на нејзината паневропска платформа ТАРГЕТ2 секјурутис (Т2С).

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

ЕЦБ во последната објава наведе дека сервисот Т2, клучен дел од ТАРГЕТ системот за плаќање во ЕУ, има проблеми кои влијаат на обработката на трансакциите меѓу апликациите и пристапот на корисниците до апликацијата, додека ЕКОНС 2и понатаму е отворен за обработка на најкритичните уплати, за кои треба да се координира со соодветната централна банка.

За да продолжат операциите на Т2 системот, ќе биде потребно да се изврши пренос на секундарна локација. Се очекува за еден час операциите да продолжат нормално.

„Евросистемот ги презема сите потребни мерки за нормалните операции да продолжат што е можно побрзо“, наведе Европската централна банка.

„Ројтерс“ пишува дека се чини дека европските пазари на акции, валути и обврзници денеска функционираат нормално и не се пријавени големи проблеми.

Поврзани вести