Блумберг: Европа загуби 1.000 милијарди долари поради енергетската криза

Американската компанија очекува дека ова е само почеток на кризата и дека стабилизација на енергетскиот пазар нема да се случи пред 2026 година.

Американската компанија Блумберг објави своја пресметка, според која Европа загубила околу 1.000 милијарди долари од почетокот на рускиот напад врз Украина и енергетската криза предизвикана од санкциите.

Во анализата се наведува дека ова е само почеток на голема енергетска криза на Стариот континент.

Блумберг оценува дека и онака високите цени ќе продолжат да растат и во наредните години, пренесува Танјуг.

Нема стабилизација пред 2026 година.

Според Блумберг, стабилизацијата на енергетскиот пазар во Европа нема да се случи пред 2026 година, кога се очекуваат нови испораки од САД и Катар.

По почетокот на руската инвазија на Украина, европските земји воведоа санкции кон Москва и почнаа да преземаат чекори за да обезбедат помала зависност од руските енергетски извори во иднина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.