Богатите Руси се свртуваат кон Дубаи за да ги избегнат санкциите

Богатите Руси ги засилија своите напори да ги префрлат своите средства од Европа во Дубаи за да ги избегнат санкциите од Западот што им беа воведени поради војната во Украина, објави Ројтерс, цитирајќи финансиски и правни извори во оваа заливска држава.

Глобално призната туристичка дестинација, Дубаи се смета и за бизнис центар на регионот. Неодамнешното одбивање на Обединетите Арапски Емирати да ја осудат руската воена операција во Украина во Советот за безбедност на Обединетите нации се чини дека руските богаташи го протолкуваа како покана.

Според извори на Ројтерс, руските граѓани ги преместувале своите средства од Швајцарија и Велика Британија во Дубаи, откако поранешните две нации ја санкционираа Русија и се заканија дека ќе ги замрзнат средствата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.