4 тиквички
2 јајца
400 г сечкана шунка
400 г рендан кашкавал
300 г сечкана моцарела
200 мл млеко
10 лажици брашно
сол и мелен црн пипер
Во длабок сад изматете ги јајцата со жица. Додадете ги брашното и млекото, промешајте и зачинете ја смесата.
Тиквичките исечете ги на ленти и посолете ги. Потопувајте ги во подготвената меса и наредете ги во керамичка тава, обложена со хартија. Врз лентите тиквички наредете шунка, кашкавал и моцарела. Свиткајте ролнички и покријте ја тавата со алуминиумска фолија. Печете 20 минути на 200 степени.