Богатството на Маск се намали за повеќе 20 милијарди долари од неговото појавување на „Saturday Night Live“

Богатството на Маск се намали за повеќе 20 милијарди долари од неговото појавување на „Saturday Night Live“

Ко-основачот и извршен директор на Тесла, Елон Маск, осиромаши за повеќе од 20 милијарди долари откако минатиот викенд се појави како гостин домаќин во една епизода на „Saturday Night Live“.
Нето вредноста на бизнисменот падна од 166 милијарди на 145,5 милијарди долари откако акциите на неговиот електричен производител Тесла паднаа за околу 15% во текот на изминатата недела, според податоците што ги следи Форбс.

Сепак, Маск останува третата најбогата личност во светот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.