Богојески смета дека Русија е виновна за проблемите со Бугарија

Како во времето на Информбирото, Голи Оток и погромите врз неистомислениците, Заменикот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богоjески, во анализа за бугарската агенција БГНЕС ја обвини Русија за поткопување на односите меѓу Македонија и Бугарија. И ова не се негови први обвимувања на оваа адреса. Веќе со неподнослива леснотија се што не му е по мерак или терк го стигматизира со проруска етикета. 
Ако се сеќавате и македонските патриоти кои што протестираа против промената на името по грчки терк, а пред нашето државно собрание ги обвини за „рубља патриоти“. И така со ред. Ако некој не чини гарант е измеќар на Путин. Во меѓувреме Пеце си се слика во фармерки на Кале и тоа е според него во ред. Кој ти смета стигматизирај го, а ти прави се поголем американец од оние што се од Бостон или Денвер.
И се ова нема некое поголемо влинание оти Пеце е нееројатно негативен лик, непопупалер меѓу членовите на ВМРО. Но сепак Мицковски не смее да погледне на таа страна. Неколку пати имаше директни провокации од Пеце за Мицко но овој молчи. Упатените велат затоа што Пеце ми ти се претставувал како „поврзан“ со оперативците на Дип стејт и дека за него немало зима.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.