Боки 13 бара да ја разрешат судијката: Му ја коментирала облеката, била хистерична, врескала, го мразела

Бојан Јовановски-Боки 13 бара разрешување на судијката Софче Гаврилова-Ефремова, која му суди во предметот за работењето на „Меѓународен сојуз“, објави „А1он“.
Тој во дописот ги прашува членовите на Судскиот совет дали е дозволено судијка да му се обраќа со зборовите: „Нека ти обезбеди семејството лаптоп, поради тоа што те гледам дотеран. Како што ти испраќаат гардероба, така нека ти купат лаптоп“, додавајќи дека на секое рочиште му се обраќа на висок и хистеричен тон. Во останатиот дел од барањето на Јовановски, до кое дојде „А1он“, стои и дека тој веќе знае дека ќе биде осуден на највисока казна, посочувајќи дека има спрега помеѓу судијата, претседателот на судот, јавниот обвинител и политичките чинители на власта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.