Боки 13 претепан во затворот, преместен во болница. Шпенд Тахири не ги ферма новинарите и не информира што се случило

„Во 20.00 часот во СВР Скопје – Полициската станица Гази Баба, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со поврди бил донесен Б.Ј.(36) од Скопје. Според пријавеното, околу 15.40 часот во кругот на Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал затворска казна, Б.Ј. бил физички нападнат од три лица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Боки 13 претепан во затворот, преместен во болница. Шпенд Тахири не ги ферма новинарите и не информира што се случило

Неофицијално, на претепувањето на Боки 13 не претходеле никакви претходни вербални расправии. Трите лица кои му ги нанеле повредите, немале ниту претходна расправија со затвореникот. Настанот се случил во дворот на установата. По ова, со Брза помош, Боки 13 бил однесен во Урегнтен центар.

Ниту за здравствената состојба на Бојан Јовановски-Боки 13, ниту дали е претепан во затворот во Идризово, не открива новиот директор и Управата. Останува не одговорено дали и од кого е претепан Боки 13.

На прашањата каква е здравствената состојба на Боки 13, дали бил нападнат, но и дали е правилно проценета безбедносната состојба, дали е заштитен и во какво одделение се чува, од затворот испратија одговор во кој не одговараат ништо: „За бараните информации обратете се до Управата за извршување на санкции“.

Ваквата нетранспарентност на затворот доаѓа откако пред помалку од две недели со него почна да раководи нов директор, Шпенд Тахири. Тој е кадар на Алтернатива. Веднаш по неоговото доаѓање започнаа и ваквите потреси со тепачки, со оглед дека Боки 13 помина пет години во затворот, а освен поплаки за здравјето кое му е сериозно влошено, немаше загрозена безбедност. Засега непознато е ниту како се чува Боки 13, дали е одделен од другите, како што беше безбедносната проценка до сега.

Извор: ВОЦЕНТАР

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.