БОКИ 13 СЕ ВРАЌА ВО ЛУКСУЗНИОТ ЖИВОТЕН СТИЛ: Објави фотографија од автомобилот – Свежо фарбан, ставил скап накит, а чантата

Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, неодамна излезе од затвор за да се лекува на приватна клиника бидејќи неговото здравје во затворот било загрозено.По излегувањето од затвор, Боки 13 стана активен на социјалните мрежи, а она што е исто така евидентно е дека Боки значително се промени од последните фотографии кои можевме да ги видиме, а кои беа направени за време на судењето за аферата „Рекет“, па така, Јовановски повеќе не изгледа уморно и измачено, но се гледа дека ужива во терапии, но и во животот во семејниот дом.
Боки му се врати на луксузниот начин на живот, па сега покажа како изгледа во својот автомобил.Свежо фарбан, со скапа чанта и накит, позираше, а наместо да ја опише сликата, само стави емотикон.
За потсетување, во акцијата „Рекет“ беше уапсен Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, а потоа осуден поради уценување моќници од Македонија и од нив барајќи пари. Јовановски е осуден на девет години затвор, а неодамна е пуштен на домашно лекување поради здравствени проблеми.

Пронајдете не на следниве мрежи: