600 г печена тиква
600 г мелени бисквити
300 г мелени ореви
100 г исечени урми без семки
100 г исечени суви сливи без семки
6 лажици мед
рендана кора од портокал
1/2 лажичка мелено каранфилче
1/2 лажичка мелено морско оревче
1/2 лажичка цимет
Во сад ставете ги испечената и излупена тиква, бисквитите, оревите, зачините, кората од портокал, медот, урмите и сливите. Со рака замесете смеса и изладете ја во фрижидер.
Формирајте бомбици со големина на орев. Ако сакате да имате бомбици со повеќе вкусови валкајте ги во кокосово брашно, ореви, какао или шеќерни трошки и ставете ги во хартиени корпички.