Во текот на 2022 година, Ferrari постигна рекордни деловни резултати. Италијанскиот производител испорача рекордни 13.221 автомобил, надминувајќи го резултатот од 2021 година за 18,5%, а заработката се зголеми за 16%.
Исто така, вредноста на акциите на Ferrari се зголеми за 7,3 отсто, а деловните прогнози укажуваат дека добивката (EBITDA) годинава ќе се зголеми од 1,773 милијарди евра (во 2022 година) на 2,13-2,18 милијарди евра.
Ваквите очекувања се темелат на фактот дека во вториот квартал од оваа година ќе започнат испораките на теренецот Ferrari Purosangue, со почетна цена од 390.000 евра.
Побарувачката за првиот теренец на Ferrari е толку голема што лани прекинаа со примање нови нарачки.
„Книгата на нарачки е таква што ја опфаќа целата оваа година и добар дел од следната година“, рече Бенедето Виња, извршен директор на Ferrari.
По ваквите резултати, компанијата одлучи да ги награди сите 5.000 работници за нивната успешна работа и да им исплати бонус од по 13.500 евра.
Поради ова работниците на Mercedes испаднаа „сиромашни“, со оглед на тоа што за изминатата година добија бонус од „само“ 7.300 евра.