Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека ЕУ „нема да толерира напади“ врз ЕУЛЕКС.

Северот на Косово и Метохија се уште е блокиран од граѓаните и полицијата. На премините Јариње и Брњак не може да се помине ниту пеш, ниту со автомобил.
„ЕУ нема да толерира напади врз ЕУЛЕКС или употреба на насилни, криминални дејствија на север. Групите на косовските Срби мора веднаш да ги отстранат барикадите. Мора да се врати мирот. ЕУЛЕКС ќе продолжи да се координира со косовските власти и КФОР“, напиша Борел на Твитер.
Тој додаде дека „сите актери мора да избегнуваат ескалација“.


