Босанец шверцувал 10.000 таблети во кориците на книга од Агата Кристи

Во акција со кодно име “Транспортер“ припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина на Меѓународниот граничен премин Босанска Градишка спречиле криумчарење на повеќе од 10.000 таблети. Се работи за таблети “трамадол“ и “ксалол“ кои при преглед на автобус се откриени во куфер на 24-годишен државјанин на Би Х.
Како што може да се види и на фотографијата направена од страна на Граничната полиција досетливиот 24-годишник таблетите ги шверцувал во кориците на книга од Агата Кристи.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.