Бочварски: Ги пречекавме првите патници од првиот лет Скопје – Софија,
воспоставуваме нови авионски врски

Утрово на Меѓународниот аеродром Скопје, министерот за транспорт и врски,
Благој Бочварски, ги пречека патниците кои пристигнаа со првиот комерцијален
лет на релација Софија – Скопје.


Со ова започнува да се реализира редовната авиолинија Софија – Скопје што
произлезе од договорот меѓу мешовитите владини комисии на двете земји.
Авиокомпанијата Гуливер ќе ги поврзува главните градови два пати во неделата,
со интенција оваа линија да се поврзе и со аеродромот во Охрид.
Министерот Бочварски изрази задоволство од воспоставувањето на овој лет и
најави можност за отворање линии и кон други нови дестинации.
„Ме радува што во многу брзо време најдовме согласност и заеднички со
Република Бугарија ја воспоставивме оваа линија. Работите се движат во
посакуваниот правец и веќе ги гледаме резултатите од работењето на
мешовитите групи со колегите од Бугарија. Летот Софија – Скопје од денеска
почнува да сообраќа и првите патници веќе пристигнаа во Скопје. Им посакувам
добредојде во нашата држава и испраќам порака дека нашата земја има што да
понуди во делот на туризмот. Остануваме посветени со нашите пријатели и во
наредниот период во изнаѓање на решенија со кои ќе ги зацврстиме пријателските
односи и кои ќе донесат економски бенефит за двете држави.“ – изјави
министерот Бочварски од аеродромот во Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.