Бразил на праг на голема катастрофа, КОРОНА ВИРУСОТ во стампедо
Најлош ден од почетокот на пандемијата во Бразил. Изминатите 24 часа драматично се зголеми бројот на случаи. И тоа за 17.408, а пријавени се рекордни 1179 смртни случаи.
Со ова од почетокот на пандемијата Бразил има 271.628 заразени и 17.971 починати. Повеќе потврдени случаи во целиот свет има само во САД и Русија.
Ново светско жариште на КОРОНА ВИРУСОТ станува Бразил, болниците се веќе преполни
Големиот број болни ги засили стравувањата дека здравствениот системо може да колабира. И насекаде се предупредува дека вистинската бројка и не може да се измери прецизно и дека истата е далеку поголема.
Болсонаро Претседателот на Бразил се обидува да ја минимизира опасноста од пандемијата во неговите настапи. Тој смета дека треба да се отвори економијата и да се мисли и на тој аспект од проблемот.
СЗО веќе ја прогласи цела Латинска Америка за ново жариште на пандемијата.
ПРОЧИТАЈТЕ УШТЕ И:
Пронајдете не на следниве мрежи: