Браковите склопени во 2020 година ќе траат засекогаш: Еве кој датум е особено добар за одење кај матичар!

Керолајн Фолкнер, најпознатиот астролог во Британија, вели дека ѕвездите наговестуваат дека 2020 година ќе биде најдобра за оние што ќе решат да застанат на „лудиот камен“.
Наредната година Сатурн, Јупитер, Плутон, Марс и Месечината, клучните планети што се симбол на преданоста и емоционалната стабилност ќе бидат во ист знак.
Овој настан не се случил од 1960-тите години, период познат и како доба на љубовта.
Идеален ден за венчавање ќе биде 20.2.2020.


Во нумерологијата, бројот 2 означува стоичка и силна жена која има единствена одлучност и сила.
Во астрологијата, бројот 2 ја означува куќата на Бикот, хороскопскиот знак со кого владее планетата Венера, наречена по божицата на љубовта и убавината, која претставува трпеливост, истрајност и преданост за зачувување на лојалност и која внимателно работи на изградбата на брачна заедница што ќе трае.
Керолајн додава и дека целата 2020 година ќе биде поволен период за започнување врска што ќе трае засекогаш.
Оваа година ќе биде година на напредок во сите можни аспекти.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.