БРАНОТ ПИСМА БОМБИ ПРОДОЛЖУВА: Сомнителен пакет е пронајден и во американската амбасада во Мадрид!

Шпанските власти денеска соопштија дека во американската амбасада во Мадрид е откриен сомнителен пакет, кој сега е под полициска контрола.Шпанската полиција претходно денеска пресретна плик со пиротехнички материјал адресиран до премиерот Педро Санчез во палатата Монклоа во Мадрид.

БРАНОТ ПИСМА БОМБИ ПРОДОЛЖУВА: Сомнителен пакет е пронајден и во американската амбасада во Мадрид!

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се работи за коверт сличен на оние што вчера и денеска беа откриени во Министерството за одбрана, Украинската амбасада, Сарагоса и воздухопловната база Торехон.

Писмо-бомбата пристигнала во воздухопловната база Торехон рано утринава и истрагата е во тек.

Експлозивна направа во Саргасо била откриена синоќа во фабрика за оружје која произведува фрлачи на гранати кои Шпанија ги испратила во Украина. Полицијата извршила контролирана експлозија на пакетот.

Вчерашната експлозија во амбасадата на Украина се случила кога вработен отворил писмо адресирано до амбасадорот. Тој вработен не е тешко повреден.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.