Педесет и петгодишен прилепчанец е приведен откако агресивно се однесувал кон сестра си.
„Вчера во 02.50 часот во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп го лишиле од слобода С.Н.(55) од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22.00 часот на 18.08.2024 агресивно се однесувал и се заканувал на неговата сестра, а оштетил и дел од покуќнината во семејниот дом“, велат од МВР.
Како што информираат од СВР Битола, С.Н бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.