Брајант ги носи Лејкерси кон ’плеј офот’

ЛА Лејкерси направија уште еден чекор кон освојување на осмата позиција на западот и обезбедување на место во плеј офот во НБА лига.Лејкерси во ноќта помеѓу средата и четвртокот забележаа победа над Портланд со 113:106 и на осмото место имаат една победа повеќе од Јута.Коби Брајант, постигна за него рекордни сезонава 47 поени на кои придодаде осум скокови и пет асистенции.Портланд го забележа деветтиот последовен пораз, Блејзерси втора година по ред нема да играат во разигрувањето.Мајами го совлада Вашингтон со 103:98, иако играа без Крис Бош и Двејн Вејд. Со победата во главниот град Мајами го обезбеди првото место во лигата, што значи предност на домашниот терен во текот на плеј офот. Ветеранот Реј Ален со 23 поени беше најефикасниот играч на Мајами на оваа средба.Денвер во дербито на западот го победи Сан Антонио со 96:86, со што ја запиша 21-та последовна победа на домашен терен. Вилсон Чендлер со 29 и Кори Бруер со поен помалку беа најзаслужни за победата на Денвер. Играчите на Денвер ја забележаа 54-та победа во сезоната, со што го израмнија клупскиот рекорд според број на победи во една сезона. Резултати:Орландо-Милвоки 113:103Кливленд-Детроит 104:111Филаделфија-Атланта 101:124Вашингтон-Мајами 98:103Бостон-Бруклин 93:101Далас-Феникс 91:102Сакраменто-Њу Орлеанс 121:110Портланд-ЛА Лејкерс 106:113Денвер-Сан Антонио 96:86ЛА Клиперс-Минесота 111:95.
МакфаксЛА Лејкерси направија уште еден чекор кон освојување на осмата позиција на западот и обезбедување на место во плеј офо

Пронајдете не на следниве мрежи: