За домаќинките кои не се баш вешти во кујна или немаат многу време за подготвување, ова е совршен рецепт.
Што е уште подобро, тортата е посна, па ќе се засладат и тие кои постат.
Освен тоа убавото е што е многу вкусна и е невозможно да згрешите, бидејќи не се пече.
Потребно е 250 грама посен маргарин, 200 грама шеќер во прав, 600 грама мелени посни бисквити, 200 милилитри сок од портокал.
Изматете ги маргаринот и шеќерот додека не се направи пена, додадете ги бисквитите и сокот и добро измешајте.
Тортата е готова.
Оваа торта можете да ја обликувате по ваш вкус затоа што е густа и од неа можете да направите различни форми. Да се чува во фрижидер за да се стегне, барем еден час.
Тортата можете да ја збогатите со најразлични преливи, овошје или колачи.
Можете да додадете малку замрзнато овошје по ваш избор, а тортата можете да ја украсите со посен шлаг или посно чоколадо.