Турската погача со фил може да се послужи како совршена брза вечера, а вкусот ќе ве освои.
Состојки:
- 800 грама брашно;
- 2 лажички сол;
- Вода по потреба.
Фил:
- 300 грама блитва;
- 1 црвена пиперка;
- 2 лути пиперки;
- 150-200 грама шунка.
За премачкување:
- 200 грама путер;
- 100 милилитри масло + 100 милилитри за премачкување на тавата во текот на печењето.
Подготовка:
Прво замесете го тестото така што ќе го измешате брашното, солта и водата. Ова е тесто без квасец со фил. Тестото поделете го на топчиња и оставете да отстои додека го правите филот.
Потоа направете го филот така што ќе ја искористите блитвата, ситно исечканите пиперки, а потоа додадете ја и шунката.
Првото топче развлечете го што потенко, ставете стопен путер, а потоа над него додадете од филот, па додадете уште едно топче кое претходно сте го растегнале и така додека не го потрошите тестото.
Питата ставете ја во поширока тава, па пржете од едната страна, па од другата.
Постапката на подготовка погледнете ја во видеото: