Брза летна торта без печење – полна лешници, бадеми и ореви

500 мл слатка павлака
500 мл кисела павлака
150 г шеќер
150 г чоколадо
10 издробени бисквити
дробени лешници, ореви, бадеми
Се мати слатката павлака, се додаваат киселата павлака и шеќерот, па убаво се мати. Чоколадото се топи на пареа.
Во сад се става третина од шлагот, половина од бисквитите, лешниците, оревите и бадемите, па половина од чоколадото. Истата постапка се повторува и со другиот дел. Тортата се става во фрижидер да се стегне и се декорира со шлаг, парчиња чоколадо, ореви, лешници-по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.