БРЗА ПИТА СО КОМПИРИ ЗА НАЈМРЗЛИВИТЕ ГОТВАЧИ: Сочна и вкусна, а се прави за секунда

Ќе ви треба:

150-200 г брашно2 јајца4 компири исечени на коцкимлекосолвода1 чешне лукпипер2 дл јогурт2 дл кисело млеко

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 220 степени. Во сад измешајте јајца, брашно, млеко, сол и вода. Замесете тесто малку погусто отколку за палачинки. Истурете ги измешаните компири со тестото и згмечениот лук во плех обложен со хартија за печење. Печете околу 20 минути, во рерна претходно загреана на 220 степени. Прелијте го со јогурт и кисело млеко и печете ја питата уште неколку минути.

Пронајдете не на следниве мрежи: