Брза торта со кокос и банани која не се пече

Потребни состојки:
2 ќесички пудинг од ванила
125 гр маргарин
200 гр шеќер во прав
300 гр посни бисквити
5 лажици кокос
3 ќесички шлаг пена
2-3 банани
вода според упатствата


Начин на подготовка:
Сварето го пудингот во 600 милилитри вода и оставете го да се излади. Во изладениот пудинг додадете маргарин изматен со шеќер во прав.
Изедначете ја масата, а потоа додадете кокос, скршени бисквити и банани исечени на кругови. Измешајте, истурете на послужавник и обликувајте ја тортата со рацете.
Премачкајте ја со шлаг измешан со вода и ставете ја во фрижидер да се стегне.
Украсете по желба со кокосови струготини и банани.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.