Брза торта со таан-алва

ЗА ПОДЛОГА
400 г мелени бисквити
60 г маргарин
3-4 лажици млеко
ЗА ФИЛ
400 г таан-алва
400 мл млеко
150 г маргарин
100 г шеќер
100 г чоколадни трошки
Прво подгответе го филот.
Млекото ставете го во сад и ставете го на оган да се стопли. Додадете ја изронетата таан-алва. Со затоплување на млекото алвата ќе се растопи и смесата ќе се изедначи. Оставете го филот да се излади и изматете го со миксер.
Бисквитите сомелете ги и ставете ги во длабок сад. Додадете ги растопениот маргарин и млекото, и измесете со рака. Нанесете ја смесата во тава обложена со најлонска фолија. Ставете ја тавата во замрзнувач за подлогата да се стегне. Потоа нанесете го филот, изладете и наросете со чоколадни трошки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.