Брзи Панцероти

Состојки
250 мл Јогурт
100 мл Масло
1 м.л. Сол
1 Пециво
500 гр Брашно
Фил за полнење – Кашкавал, Чадено пилешко филе, кечап, оригано
За премачкување – 1 Јајце и малку сусам

Направете брзи и вкусни панцероти, кои за кратко време ќе бидат на вашата трпеза за појадок. Бидејќи не се прават со квасец, туку со пециво, нема потреба од стасување на тестото и веднаш се прават, затоа додека ги формирате уклучете ја рерната да се загрева.
Поготовка
1. Се замесува тесто од наведените состојки.
2. Веднаш го делиме тестото на 9 исти делови (кои тежат неполни 100 гр). Секој дел го формираме во топче.
3. Секое топче го расукуваме и ставаме фил по желба (јас ставив рендан кашкавал, рендано чадено пилешко филе, оригано и кечап).
4. Расуканото тесто го преклопуваме на пола и краевите ги затвораме убаво со помош на вилушка.
5. Веднаш ги премачкуваме со јајцето, па наросуваме сусам.
6. Формираните панцероти ги редиме во плех врз хартија за печење.
7. Печеме во загреана рерна на 220 степени (околу 20 минути) до заруменување.
Забелешка – Во зависност од густината на јогуртот, количината на брашно може малку да варира, кај мене беше погуст јогуртот.
На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.