Брзи „полжавчиња“ со сирење и шунка: Рецепт за сласно печиво кое веднаш ќе исчезне од чинијата

Фино печиво е прекрасен избор за доручек, а доколку е полнето со шунка и сирење тогаш само по себе е неверојатно.
Ви го претставуваме рецептот за едноставни полжавчиња полнети со шунка и сирење кои што се приготвуваат брзо.
Состојки:
– 30 декаграми брашно;
– 1 кисело млеко;
– 5 декаграми путер;
– 2 мали лажички прашок за печиво;
– 3 грама сол;
– 10 грама шунка;
– 15 декаграми сирење;
– малку бибер, чили и друг зачин;
– 1 мал сирен намаз;
– 1 јајце за премачкување.


Подготовка:
1. Сирењето и шунката исечете ги на мали парченца.
2. Стопете го путерот, па оставете го малку да се излади. Брашното и прашокот за печиво ставете ги во еден сад. Додадете сол, кисело млеко и стопениот путер, па замесете го тестото.
3. Развлечете го тестото на подлога која што претходно сте ја намачкале со брашно. тестото премачкајте го со намазот. Над него ставете бибер и чили или пак некој зачин по ваша желба. Сирењето и шунката распоредете ги рамномерно по тестото.
4. Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени Целзиусови. Ролајте го тестото во форма на ролад. Со остар нож исечете го роладот на парчиња со дебелина околу 3 центиметри. Ставете ги полжавчињата на плех за печење кој што е обложен со хартија за печење, а доколку немате хартија премачкајте го плехот со путер или масло за јадење.
Оставајте по малку простор меѓу полжавчињата. Изматете го едното јајце, па премачкајте го секое од полжавчињата со него.
Печете околу 20 минути додека не заруменат и не добијат златна боја.
Пријатно јадење!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.