Овие мали погачки се вкусно, а лесно решение за оброк кога немате многу слободно време за во кујна.
Потребни состојки:
1 печиво
1 шолја јогурт
1-2 шолји брашно
2 јајца
½ шолја масло
Зачини, сувомеснато, сирење
Начин на подготовка:
Измешајте ги сите состојки наеднаш во густа смеса. Додадете сечкано сувомеснато и сирење по желба и ставајте во тава со хартија за печење по 1-2 лажици од смесата(видео). По желба наросете сусам и печете ги 10-15 мин во рерна на 220 степени. Послужете со јогурт, павлака, кисело млеко, салата или додатоци по желба