Брзи триаголници со сирење

500 г кори за пита
1 чаша масло
1 чаша газирана вода
200 г сирење
5 лажици кисела павлака
1 јајце
1 лажица сенф
50 г сусам
На работна маса ја ставаме првата кора, и со лажица ја попрскуваме со мешавината од масло и газирана вода. Ја свиткуваме кората на половина и повторно попрскуваме. Повторно ја свиткуваме по должина за да добиеме лента и ја попрскуваме со масло и газирана вода. На едниот крај од кората ставаме една лажичка фил од дробено сирење и павлака, и формираме триаголник. На истиот начин ги подготвуваме сите триаголници и ги редиме во тава.
Јајцето го матиме со виљушка, го додаваме сенфот и промешуваме. Со четка ги премачкуваме триаголниците и ги наросуваме со сусам. Печеме 20-тина минути на 200 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.