Потребни состојки:
3 млади тиквици ( излупени и исечени на тркалца )
2 јајца
100 грама брашно
300 грама димена сланина
300 грама ајдамер ( може и друг кашкавал )
200 мил. кисела павлака
1 лажиче сол
1 лажиче црн бибер
Подготовка:
Тиквиците посолете ги и ставете врз цедалка 30-тина минути да се изцедат. Потоа со кујнска крпа избришете ги, извалкајте ги во брашно и пржете ги во масло. Пржените тиквици ставете ги на кујнска хартија да се изцедат од вишокот маснотија.
Наредете ги во тава за печење, побиберете и посолете малку и наредете еден ред сланина, па еден ред ајдамер.
Оваа постапка повторете ја додека имате од состојките.
Јајцата изматете ги со павлаката. Оваа смеса ставете ја одозгора и печете во загреана рерна на 200 степени, 30 минути.
Пред да сервирате почекајте да се олади.
Пријатен ручек!