Брзо, хранливо и полно со витамини: Бела паста со тиквици ги разоружува вкусот и мирисот

Во оние култури и земји каде што редовно се консумираат печурки, а меѓу нив се Италија и Франција, процентот на заболени од деменција е помал.
Меѓутоа, онаму каде што нивната употреба е намалена, како што е случајот во САД, поголем е процентот на оние кои страдаат од Алцхајмерова и Паркинсонова болест.
Помало количество печурки, доколку се консумира секојдневно, благотворно ќе влијае на вашето здравје. Тоа го вели студијата објавена во списанието Food Chemistry, каде се вели дека печурките имаат два антиоксиданси кои имаат корисен ефект врз работата на срцето и спречуваат деменција.

Состојки:

  • 1 кромид;
  • 1 тиквичка;
  • масло;
  • 150 гр. шампињони;
  • 100 мл. павлака за готвење;
  • бибер;
  • 100 гр. пармезан;
  • 200 гр. интегрални тестенини.

Подготовка:
За побрзо да ја подготвите оваа паста, додека го подготвувате сосот, во исто време варете ги тестенините што сте ги избрале да ги подготвите.
Добро загрејте ја тавата и ставете малку масло во неа.
Потоа додадете го ситно исечканиот кромид и мешајте додека малку порумени, па потоа додадете ja ситно исечканата тиквичка.
После тоа убаво измешајте и време е да ги додадете шампињоните кои ќе ги пржите додека не омекнат.
Потоа додадете ја павлаката и почекајте сè убаво да се соедини, па додадете го пармезанот и добро измешајте ги сите состојки.
Време е да ги додадете тестенините и сè да се соедини. Мешајте уште 5 минути и вашето јадење е готово.
На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.