Брз, а превкусен: Колач од лимон и јогурт

Уживајте во дегустацијата на овој превкусен колач кој се подготвува за само половина час.
Намирници – 150 грама брашно, пола лажичка прашок за пециво, 4 јајца, 150 грама шеќер, 125 мл јогурт, 80 грама мелени бадеми, 150 мл масло, 3 лажици кора од лимон, малку сол.


Подготовка
Изматете ги јајцата со шеќерот додека смесата стане густа и пенеста. Во посебен сад помешајте го јогуртот, маслото, лимоновата кора и додадете прстофат сол. Соединете ги сувите состојки со јогуртот и останатите состојки од садот. Кратко измиксајте, па додадете ја смесата со јаjцата и шеќерот. Помешајте и претурете ја смесата во калап за печење. Печете на 180 степени околу 20 минути.
Колачот може да го прелиете со сируп од лимон кој ќе го подготвите на тој начин што ќе сварите сок од лимон, 1 дл вода и 1 лажица шеќер. Прелијте додека колачот е врел.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.