За најлесната летна торта треба само да измешате 5 состојки, да ја изладите и да послужите.
Ги обожаваме брзите десерти, посебно во лето кога е топло и на никој не му се стои долго во кујна.
Освен што брзо ќе ја подготвите, оваа ледена торта ќе ви дојде како одлично летно освежување.
Потребни состојки:
200g крем сирење (на собна температура)
100g јогурт
50g шеќер
8 големи јагоди
10g желатин
3 лажици вода
Шеќер во прав (за сервирање)
Начин на подготовка:
Ставете го крем сирењето во сад и мешајте додека смесата не се измазни. Додадете шеќер и измешајте да се соедини. Потоа додадете го и јогуртот и повторно мешајте.
Истурете го желатинот во вода и подгответе го според упатството, а потоа додадете го во смесата и измешајте добро. Во смесата измешајте и 4 исечкани јагоди.
Истурете пола од смесата во калап, потоа наредете ги јагодите во линија, нежно притиснете ги и одозгора истурете го другиот дел, па измазнете.
Оставете да се лади во фрижидер 1 час. Извадете ја тортата од калапот, наросете ја со шеќер во прав и послужете ја.
Изгледајте го видеото за постапката: