Брз десерт од кокос и чоколадо

За овој вкусен десерт не ви е потребен миксер ниту вага. Нема егзотични состојки, а ако сакате, можете да си играте и да додадете суво грозје, јаболка или круши.
Брз десерт од кокос и чоколадо
Потребни состојки:
120 милилитри павлака
120 милилитри јогурт
240 милилитри млеко
80 милилитри масло
130 г кокосово брашно или кокосови струготини
1-2 ванилин шеќер
250 г брашно
1 лажица гриз
1 лажичка прашок за пециво


Глазура:
100 г црно чоколадо
2 лажици масло
Начин на пдготовка:
Измешајте го шеќерот во малку млеко за да се стопи.
Одделно измешајте ги сувите и влажни состојки, потоа измешајте ги заедно и префрлете ги во помал сад за печење или калап за помали колачи кои ќе ги посипете со брашно за да не се залепи тестото.
Печете околу 25-30 минути на 180°C и користете чепкалка за заби за да проверите дали вашиот десерт е готов. Ако е чисто, без трошки од тесто, подготвено е да се извади од рерна.
Кога колачот ќе се испече, извадете го и прелијте го со чоколадната глазура додека е уште врела.
Направете чоколадна глазура со топење на чоколадните коцки за готвење на пареа и со мешање со маслото.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.